Product, Human, Font, Poster, Community
Што е лобирање?
Активност која што се прави за да се влијае врз политиките и одлуките на владата или институцијата во корист на специјални групи или лица од интерес. На пример, Градежната комора или банките лобираат во партијата да се назначи личност од нивните редови на високи позиции во институциите. Поставената личност подоцна влијае да се носат законски измени кои што ќе бидат поволни за таа мала група на луѓе, а неповолни за мнозинството.
Што е трговија со влијание?
Злоупотреба на позицијата или политичкото вијаните за нечија корист во замена за пари или услуги.

Корупцијата има многу форми. Општо прифатената дефиниција во академскиот свет е онаа на водечката меѓународната организација против корупција „Транспаренси Интернешнл“: Злоупотреба на доверената власт за приватна корист. За ова се потребни три елементи: злоупотреба, доверена моќ и приватна односно лична корист. Граѓаните најчесто си замислуваат државен функционер којшто зема мито за да овозможи зделка за приватниот сектор. Или, пак, корупцијата ја илустрираат преку непотизмот и кронизмот кои се форми на фаворизирање на роднини и пријатели во различни сфери во круговите на политичка моќ.

Често јасна илустрација за корупција е и злоупотребата и приватизацијата на државните ресурси и имот за корист на лица на високи позиции од политиката и бизнисот. За жал, многу помалку се зборува за лобирањето и трговијата со влијание како софистицирани и напредни механизми чие што функционирање ја издвојува „обичната“ од таканаречената висока корупција.

Иако лобирањето може да биде позитивна сила во демократијата, истовремено може да е и механизам за моќните групи да влијаат врз креирањето на законите и регулативите на штета на јавниот интерес. Колку е поголема финансиската моќ на овие групи и поединци, толку се поголеми штетите врз јавниот интерес.

Лобирање и влијание на бизнисот во медиумите

Во напредните држави медиумите се бизнис. Во Македонија медумите се повеќе се средство за остварување на бизнис интересите на поединци преку трговија со влијание каде што валутата е уредувачката политика. Со неа се тргува за да се обезбеди власт, а оние кои ја ставаат медиумската инфрастктура на располагање за возврат добиваат поволности и други државно спонзорирани зделки за нивните главни бизниси.

По осамостојувањето на Македонија, во 1993 година се отвара првиот независен медиум, сега згаснатата „А1“ телевизија на бизнисменот Велија Рамковски. Две години подоцна се отвора и „Сител“ телевизија на Љубисав Иванов Sинго. Третата телевизија која се отвара во 1996 година е телевизијата „Телма“ која е во сопственост на компанијата „Макпетрол АД“ каде мнозински сопственик и претседател на Управниот одбор е Андреја Јосифовски.

Четвртата приватна телевизија „Канал 5“ се отвора во 1998 година и нејзин сопственик е Борис Стојменов, во тие години министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски, бизнисмен и основач на мала партија ВМРО Вистинска.

Во 2006 година програма почнува да емитува и петтата телевизија „Алсат М“, во сопственост на „Веве Груп“.

Заедничко за повеќето од сопствениците на највлијателните телевизиски медиуми беше тоа што нивните други бизниси беа врвни приоритети, а медиумите поддршка за нивните останати бизниси.

„Концентрацијата на медиумите во рацете на олигарси е закана за назависноста на медиумите, затоа што медиумите – тоа го има секогаш, но сега се повеќе се заострува – се злоупотребуваат за политички, економски цели на одделни олигарси“, ќе предупреди Кристијан Мар од „Репортери без граници“ во интервју за неделникот Глобус пред повеќе години.

Во следните години бројот на медиуми во рацете на такаренечените олигарси ќе расте правопропрционално со создавањето на нови и уште понови олигарси или економски моќни елити. Со секоја нова власт или со секои нови луѓе во партијата на секоја влада во историјата и се припишуваше дека создала свој бизнисмен преку исцедување државни ресурси. Сите овие луѓе во одреден дел од историјата посакаа да имаат и медиум.

Како што некој, популарно наречен, олигарх ставаше рака на медиум така работите се влошуваа. Медиум проба да има и Сеад Кочан, и Штерјо Наков и Бојо Андрески. Некогаш најугледните медиуми во земјава, како весниците „Дненик“, „Утрински весник“ и „Вест“ насилнички згаснаа кога ги презема Јордан Камчев. Весникот „Нова Македонија“ е во сопственост на бизнисменот Минчо Јорданов кој дебело протифираше од проектот Скопје 2014. Компаниите на Јордан Камчев денеска на пример, се рекламираат речиси секаде. Преку одредени медиуми одекна неговата вистина, а преку други едноставно се премолче другата страна. Добар дел од најбогатите компании и лица во земјава немаат свој медиум. Но, затоа имаат пари за реклами кои се делат безпоштедно и често без никаков мерит и критериум.

Закони по мерка на медиумските олигарси

Освен што биле бизнисмени и функционери, Јорданов, Стојменов и Ѕинго своите лични интереси ги промовираа и преку медиумите кои беа во нивна сопственост. Стојменов и Ѕинго во исто време беа претседатели на партии и пратеници во Собранието во коалиција со владејачката партија, иако според закон тоа беше забрането.

Конечно, во 2012 година, тогашниот Совет за радиодифузија им даде ултиматум. Мораа да да одберат „Или партијата или медиумот“. Ѕинго се откажа од пратеничката фотелја, а Стојменов ја „продаде“ телевизијата на еден од своите бизнис партнери. (линк).

Што е лобирање?
Активност која што се прави за да се влијае врз политиките и одлуките на владата или институцијата во корист на специјални групи или лица од интерес. На пример, Градежната комора или банките лобираат во партијата да се назначи личност од нивните редови на високи позиции во институциите. Поставената личност подоцна влијае да се носат законски измени кои што ќе бидат поволни за таа мала група на луѓе, а неповолни за мнозинството.
Што е трговија со влијание?
Злоупотреба на позицијата или политичкото вијаните за нечија корист во замена за пари или услуги.
Forehead, Outerwear, Eyebrow, Jaw, Sleeve, Gesture, Collar
Dress shirt, Chin, Outerwear, Coat, Tie, Sleeve, Beard, Gesture, Collar
Hair, Head, Smile, Chin, Outerwear, Eye, Neck, Sleeve, Gesture, Iris

Лобирање и влијание на бизнисот во институциите

„Бизнисот прво треба да се ослободи од политиката. Државата може да се меша само во капиталните инвестиции, за сè друго треба да го ослободи бизнисот и да презема мерки со коишто само може да го олесни амбиент, а не обратно“, вака поранешниот вицепремиер за економија Кочо Анѓушев ја објасни својата лична и професионална филозофија во едно од првите интервјуа кои ги даде откако стапи на функцијата во владата на СДСМ во 2017 година.

Заедно со Анѓушев којшто требаше да се грижи за економијата во оваа влада на СДСМ, како Министер за финансии беше назначен Драган Тевдовски.

Тој се вклопуваше во сликата која СДСМ им ја продаваше на граѓаните во предизборната програма. Искоренување на корупцијата, намалување на сивата економија, покачување на минималната плата, намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните и уште десетици други мерки кои беа насочени кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од средната и ниската класа.

Една од овие мерки беше и укинување на рамниот и воведување на прогресивен данок. Тоа требаше да значи дека богатите или оние кои заработуваат повеќе ќе плаќаат повисок процент на данок.

Дајцата професори, и Тевдовски и Анѓушев, не можеа да бидат поразлични во своите идеолошки определување.

Бранимир Јовановиќ, кој беше беше близок соработник и државен советник во кабинетот на Тевдовски, се присетува дека кога ја чул информацијата дека вицепремиер за економски прашања ќе биде човек од бизнис заедницата, насетувал дека ќе следуваат проблеми.

„СДСМ тогаш беше дистанцирана од ‘транзициските олигарси’ со кои претходно беше блиска, односно ‘олигарсите’ и свртеа грб на СДСМ, бидејќи беше 10 години во опозиција. Затоа тој потег на Заев го толкував како негов обид да се доближи до бизнис заедницата, која во тој период беше прилично интимна со Груевски. Да се потсетиме, коморите здружно, неколку години по ред организираа бизнис појадоци на кои Груевски со часови говореше за економските и политичките успеси на неговата влада, а тие му аплаудираа. Од денешна перспектива, повеќе не сум убеден дека мотивот на Заев е само тој, се повеќе ми се чини дека во целата работа има и лични бизнис интерес“, вели Јовановиќ.

Според него, таквиот профил на вицепремиер вооопшто не се совпаѓал со програмата на СДСМ, што во голема мера беше базирана на редистрибуција на ресурсите и подобрување на квалитетот на живот на мнозинството.

„Од самиот старт постојано имаше тензии на релација вицепремиер-министер за финансии, поради дијаметрално спротивните ставови за тоа какви економски политики треба да се водат. Анѓушев сметаше дека државата треба да има минимална улога и дека главни треба да бидат големите фирми, додека Тевдовски беше за тоа дека државата мора да има активна улога и дека главен треба да биде јавниот интерес“, вели тој.

Јовановиќ раскажува неколку ситуации во кои според него се гледа разликата во ставови на вицепремиерот и министерот за финансии.

„Првиот пример беше уште во првите месеци, кога се покачуваше минималната плата на 12.000 денари. Анѓушев тогаш ја поддржа одредбата за нормиран учинок која им овозможи на фирмите да исплаќаат плати пониски од минималната. Вториот пример беше кога се намали царината за електричните акумулатори и најпознатиот пример беше кога се воведуваше прогересивниот данок, кога тој практично го саботираше данокот со неговите изјави“, вели Јовановиќ.

Освен зад затворени врати, Тевдовски и Анѓушев за даночната реформа околу персоналецот се спореа и на јавни настапи. На истиот настан, Тевдоски најавуваше дека границата за зголемување на персоналецот на 18% ќе се утврди на нето 1.000 евра месечен приход, додека пак Анѓушев велеше дека овој праг треба да биде повисок.

За несогласувањата во владиниот економски тим медиумите известуваа екстензивно.

За оваа ситуација Хајредини за „Дојче Веле“ ќе изјави: „Вицепремиер за економија не смее толку да се експонира во областа која е исклучиво надлежност на министерот за финансии. Посебно околу делот на даноците. Тој е заменик на премиерот и треба да се занимава со развојот на економијата, а не да го брани интересот на капиталот“.

Јовановиќ вели дека тензиите биле присутни и во многу секојдневни ситуации.

„Ние секогаш се спротивставувавме, укажувавме дека нашата работа како државни функционери е да работиме за државата, а не за приватни интереси, ама тоа не поминуваше. Тие секогаш наоѓаа начини да ги протуркаат работите, помеѓу останатотот и затоа што делуваа здружено, односно правеа притисоци од повеќе страни. И преку коморите и фирмите кои постојано бараа средби со премиерот, министрите и пратениците, но и преку најголемите медиуми кои секогаш ги застапуваа нивните интереси во јавноста. Постојано им бевме трн во окото, затоа што бевме браната која ги спречуваше да прават што сакаат и затоа излобираа Драган Тевдовски да биде сменет“, вели Јовановиќ.

Цел бизнис сектор и Стопанската комора беа свртени против Тевдовски. Се спореше дека границата за оние што требаше да плаќаат повисок данок е многу ниска. Дека воведување на прогресивен данок како мерка не е добра и нема да биде ефикасна. Но и покрај ова промените се направија и мерката почна да се спроведува.

Кога по првиот круг претседателски избори, излезноста на гласачите едвај го достигана цензусот, премиерот Заев рече дека ја примил пораката на граѓаните и најави дека по изборите ќе направи чистка и во партијата и во владата. Акцијата за чистење на неработниците и непотистите од државните институции и од партијата беше најавена како „Метла“.

„Метлата“ донесе промени во неколку министерски функции, но највпечатливата и најнеочекуваната промена беше во Министерството за финансии. На местото на Тевдовски, нов министер стана премиерот Зоран Заев.

Бизнис секторот ја поздрави оваа одлука на Заев и бараше на оваа позиција да се стави „поактивен министер“ кој ќе носи закони во корист на државата и „сите во неа“.

Откако Антикорупциската комисија заклучи дека премиерот не може да биде и министер за финансии, на оваа позиција беше назначена Нина Ангеловска, која дојде од приватниот сектор, а непосредно пред изборот таа стана и дел од Управниот одбор на Стопанската комора.

„Ангеловска дојде, директно од раководството на најголемата комора, од која претходно дојде и Анѓушев. Резултатите многу бргу ги видовме – веднаш беше укинат прогресивниот данок, со што на најголемите фирми во државата им се дадоа 40 милиони евра годишно, беа укинати и други одредби за даночење на профитите на компаниите, беше кренат прагот за плаќање во готово, со што им се овозможи на фирмите да не го книжат прометот и да избегнуваат плаќање даноци. Беше донесена мерка за финансиска поддршка на фирмите, од неколку десетици милиони евра, со која пари добија и најпрофитабилните фирми во државата (ние секогаш ги исклучувавме овие фирми од ваквите мерки). Најсериозниот пример веројатно е државната помош за време на пандемијата, која беше толку лошо дизајнирана, што пари добија фирми кои профитираа во кризата, фирми кои не плаќаат даноци и фирми во сопственост на луѓе од власта“, вели Јовановиќ.

Јовановиќ вели дека важно е да се потенцира, дека овој начин на функционирање не бил одлика само на оваа влада, туку и на сите влади претходно каде на високи позиции се поставуваат истакнати бизнисмени.

„Од Хари Костов, преку Минчо Јорданов, до Владимир Пешевски, секогаш економско-социјалните политики биле креирани од, или барем за истите кругови на крупниот капитал“, вели Јовановиќ.

Поранешниот министер за финансии и поранешниот гувернер на Народната банка. Петар Гошев вели дека него лично никој не се осудил да му прави притисок, но вели „сигурно има причина што министер бев само една година“.

„Од тогаш до сега нема никаква промена. Зависноста на политичарите од тесни интересни групи е драматично порасната и е во континуирана нагорна линија. Кога ќе ставиш луѓе на политички функции кои имаат големи лични(приватни) интереси тогаш нормално е дека состојбата ќе биде полоша. Овие луѓе не ги води општото добро, туку нивните лични интереси. Кога ќе се стават на функција лица без интегритет, луѓе чија мисија не е заедничкото добро, тогаш го имаме ова што ни се случува сега во постојано зголемени размери од 1991 до 2021 година. Примерот со Тевдовски е само еден. Го сменија за на негово место да стават лице со приватни интереси која на една тесна група на луѓе добро им послужи“, вели Гошев.
Dress shirt, Forehead, Outerwear, Eyebrow, Jaw, Sleeve, Gesture, Collar, Art

Тој вели дека важно е да се потенцира, дека овој начин на функционирање не бил одлика само на оваа влада, туку и на сите влади претходно каде на високи позиции се поставуваат истакнати бизнисмени.

„Од Хари Костов, преку Минчо Јорданов, до Владимир Пешевски, секогаш економско-социјалните политики биле креирани од, или барем за истите кругови на крупниот капитал“, вели Јовановиќ.

Поранешниот министер за финансии и поранешниот гувернер на Народната банка. Петар Гошев вели дека него лично никој не се осудил да му прави притисок, но вели „сигурно има причина што министер бев само една година“.

„Од тогаш до сега нема никаква промена. Зависноста на политичарите од тесни интересни групи е драматично порасната и е во континуирана нагорна линија. Кога ќе ставиш луѓе на политички функции кои имаат големи лични(приватни) интереси тогаш нормално е дека состојбата ќе биде полоша. Овие луѓе не ги води општото добро, туку нивните лични интереси. Кога ќе се стават на функција лица без интегритет, луѓе чија мисија не е заедничкото добро, тогаш го имаме ова што ни се случува сега во постојано зголемени размери од 1991 до 2021 година. Примерот со Тевдовски е само еден. Го сменија за на негово место да стават лице со приватни интереси која на една тесна група на луѓе добро им послужи“, вели Гошев.

Криминалната олигархија го сруши сонот за плурализам и пазарна економија

Експертите велат дека во одредени случаи постои мрежа на меѓусебни врски помеѓу политичарите и олигарсите. Во некои случаи овие врски се толку силни што може да се каже дека се формирани посебни олигархиски групи (составени од бизнисмени, политичари и државни службеници кои се поддржуваат едни со други).

Хајрадини вели дека бизнис елитите секогаш прават спрега со луѓето од власта која служи за збогатување на мала група на луѓе, а не пошироката народна маса.

„Оваа појава ескалираше од година во година, од декада во декада. Дојде време кога бизнис елитите влијаат во изборот на политичките елити. Настана една посебна олигархија врзана меѓу политичарите и одредена бизнис елита. Примерот со оставката на министерот за финансии Тевдовски е најсвежиот во низата вакви примери“, вели за ИРЛ Хајрадини.

Според него, работите тргнале во надолна позиција уште кога започнала приватизацијата. Наместо работниците да го земат она што било нивно, фирмите и комбинатите завршиле во рацете на директорите и голем дел од нив биле уништени.

„Јас како човек кој долго живееше и во стариот систем влегувам во онаа група на граѓани кои сонувале за плурализам и пазарна економија. Мислевме дека тој пресврт се случи кон крајот на 80 и почетокот на 90 години. Но сега можеме да видиме колку и тогаш и сега политичките елити се грижат за демократијата и за економските интереси на граѓаните“, вели тој.

Neque volutpat ac tincidunt vitae semper. Nulla pharetra diam sit amet nisl. Pellentesque nec nam aliquam sem et tortor consequat id porta. Aliquam eleifend mi in nulla posuere. Adipiscing elit pellentesque habitant morbi tristique senectus et. Ultricies leo integer malesuada nunc vel risus. Elit ullamcorper dignissim cras tincidunt lobortis feugiat vivamus at. Pulvinar elementum integer enim neque. Ultrices eros in cursus turpis massa tincidunt dui ut ornare.

Fringilla est ullamcorper eget nulla facilisi etiam dignissim diam quis. Proin sed libero enim sed. Neque volutpat ac tincidunt vitae. Sed nisi lacus sed viverra tellus in hac. Blandit libero volutpat sed cras ornare arcu dui. Id semper risus in hendrerit gravida rutrum. Placerat in egestas erat imperdiet sed. Ipsum faucibus vitae aliquet nec ullamcorper sit amet risus. Neque volutpat ac tincidunt vitae.

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Nisl pretium fusce id velit ut tortor. Eget gravida cum sociis natoque penatibus et magnis dis parturient. Proin libero nunc consequat interdum. Diam donec adipiscing tristique risus nec feugiat in fermentum posuere. Nulla at volutpat diam ut. Nisl purus in mollis nunc sed. Donec et odio pellentesque diam. Urna condimentum mattis pellentesque id nibh tortor. Adipiscing at in tellus integer feugiat scelerisque varius morbi enim. Velit ut tortor pretium viverra suspendisse. Est pellentesque elit ullamcorper dignissim cras tincidunt. A pellentesque sit amet porttitor eget dolor. Lobortis elementum nibh tellus molestie nunc non blandit. Nisi vitae suscipit tellus mauris a. Blandit massa enim nec dui. Condimentum vitae sapien pellentesque habitant morbi tristique. Sit amet venenatis urna cursus eget nunc scelerisque viverra.

Neque volutpat ac tincidunt vitae semper.

Текст 3

Текст 4

Пожари

About the video and images

Donec et odio pellentesque diam. Urna condimentum mattis pellentesque id nibh tortor. Adipiscing at in tellus integer feugiat scelerisque varius morbi enim. Velit ut tortor pretium viverra suspendisse. Est pellentesque elit ullamcorper dignissim cras tincidunt.

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Nisl pretium fusce id velit ut tortor. Eget gravida cum sociis natoque penatibus et magnis dis parturient. Proin libero nunc consequat interdum.

Diam donec adipiscing tristique risus nec feugiat in fermentum posuere. Nulla at volutpat diam ut. Nisl purus in mollis nunc sed. Donec et odio pellentesque diam. Urna condimentum mattis pellentesque id nibh tortor. Adipiscing at in tellus integer feugiat scelerisque varius morbi enim.

Velit ut tortor pretium viverra suspendisse. Est pellentesque elit ullamcorper dignissim cras tincidunt. A pellentesque sit amet porttitor eget dolor. Lobortis elementum nibh tellus molestie nunc non blandit.

Никој не побарал помош од локалните жители, иако располагаат со теренски возила.

By IRL Dec. 12, 2020

Никогаш не бил потребен протокол за некој да знае дека треба се јави во Дирекцијата за заштита и спасување.

Јовановиќ вели дека важно е да се потенцира, дека овој начин на функционирање не бил одлика само на оваа влада, туку и на сите влади претходно каде на високи позиции се поставуваат истакнати бизнисмени.

„Од Хари Костов, преку Минчо Јорданов, до Владимир Пешевски, секогаш економско-социјалните политики биле креирани од, или барем за истите кругови на крупниот капитал“, вели Јовановиќ.

Од осамостојувањето на државата, до сега имало 13 влади. Освен Хари Костов, Минчо Јорданов и Пешевски, свој „придонес“ во креирањето на политиката на државата дале и

ИРЛ разговараше со двајца поранешни министри за финансии. Хајредини ја чувал државната каса во првата влада и Петар Гошев кој освен министер за финансии беше и Гувернер на Народната банка. Двајцата велат дека ова што сега се случува не е ново, туку состојба која се провлекува и станува се поистакната со години.

Според Хајредини, работите тргнале во надолна позиција уште кога започнала приватизацијата. Наместо работниците да го земат она што беше нивно, фирмите и комбинатите завршија во рацете на директорите и голем дел од нив беа уништени.

„Јас како човек кој долго живееше и во стариот систем влегувам во онаа група на граѓани кои сонувале за плурализам и пазарна економија. Мислевме дека тој пресврт се случи кон крајот на 80 и почетокот на 90 години. Но сега можеме да видиме колку и тогаш и сега политичките елити се грижат за демократијата и за економските интереси на граѓаните“, вели тој.

Хајредини вели дека дојдено е време кога бизнис елитите влијаат и во изборот на политичките елити, а ситуацијата со Тевдовски е само последен пример на оваа состојба.

„Стопанските комори се здружение на работодавачи. Нема логика работодавачите да имаат свој човек во власта. Ако е така, зошто синдикатите, селаните или обичните граѓани да немаат некој кој ќе се грижи специјално за нивните интереси“, вели Хајредини.

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam.

Трагичната приказна на Златко Божинов минатата недела беше споделена на социјалните мрежи од лекарот Павле Зафиров. Тој беше дел од медицинскиот тим кој надлежните го оставаат на цедило, па немајќи чаре, прават носилка и тргнуваат пешки кон болницата во Пробиштип. Анализата на ИРЛ на институционалните надлежности и поврзани документи, архивските пребарувања и интервјуа и разговори со сите засегнати, како и реконструкцијата на настанот, покажува дека не само оперативецот на Центарот за известување и тревожење , туку уште најмалку три институции можеле и требало да ја повикаат Дирекцијата за заштита и спасување. Но, проблемот е многу посложен. Наодите на ИРЛ вклучуваат децениски долго запуштање на безбедносно стратешките институции кои треба да не’ чуваат од несреќи и природни катастрофи.

Старата и немоќна мајка на Златко Божинов во вонредни услови ќе најде сила и начин да го одржи во живот тешко повредениот и премрзнат син додека да дојде помош.

Material property, Font, Red