Триесет години државност може да се смета како успех за малата и геополитички ранлива Македонија која опстојува во регион којшто половина од времето по 90-тите го мина во војни и конфликти, а другата половина во политички и безбедносни кризи. Прашањето кое што тимот на ИРЛ си го постави на колегиумот на којшто решававме какво известување ќе им понудиме на граѓаните по повод роденденот на државата беше следно: Дали опстанокот е успех? Дали преживувањето е единствената стратегија? Дали, и покрај се, градителите на системот можеле да сторат повеќе за денес граѓаните да живеат подобро и подостоинствено.
Тимот на ИРЛ го чинат 14 луѓе. Просечната возраст во редакцијата е 30 години. Најмладиот член има 23, а највозрасниот 45. Оние кои се родиле во доцните години на Југославија го паметат живо стравот и неизвесноста од војните од раните 90-ти. Оние кои се родени по независноста ги чувствуваат неправдата, стравот и срамот од сиромаштијата на своите родители, родителите на нивните родители...На сите страни на спектарот на години во нашата редакција, квалитетот на живот на сите, на еден или друг начин го одредиле последиците од колективните општествени трауми и на родителите и на децата во независна Македонија.
Одговорот на прашањето дали градителите на системот можеле да сторат повеќе беше едногласно “да”. Затоа решивме дека нашето известување по повод 30 години независност нема да понуди роденденски честитки и емотивно ретро од отворање шампањи. Најпосле, според анализата на УНДП, еднаквоста пред законот се влошила во последната деценија и е на исто ниво како во 1990 година.
За да разбереме каде е Македонија по 30 години државност и каде би можела да оди, потребно е да фрлиме поглед наназад кон настаните кои што ги неповратно ги обликувале и промениле животите на сите луѓе. Арxивите на медиумите од 90-тите наваму ни покажаа дека врските меѓу политиката, бизнисот и медиумите влијаеја на квалитетот на правдата која единствено се определуваше во мерата која што му одговара на криминалниот финансиски мускул.
Подемот и падот на Специјалното јавно обвинителство кое што се формираше среде тешка политичка криза во 2015 година донесе и надеж и разочарување за граѓаните кои демонстрираа дека се очајни за правда. Институцијата пропадна заедно со многу случаи за висока корупција, но политичкото убиство на СЈО уште повеќе ги истакна колективните стремежи на граѓаните за концептотот на правдата. Сите овие настани на некој начин формираат и неформален манифест на мнозинството за тоа во каква држава и со какви лидери сакаат да опстануваат.
Колективните трауми од криминалот и неправдата изродија и колективни фрустрации поради кои што е тешко замисливо дека Македонија ќе може да гради било каква иднина, камоли просперитетна, ако сите политички чинители итно не започнат дијалог и не постигнат консензус по прашањата на правда и еднаквост.
Нереалните арогантни пораки на актуелните лидери во политиката дадени по повод јубилејот на државата, за жал, не влеваат надеж за значајни промени во блиската иднина. Во говорите на Заев, Мицковски, Ахмети, Џафери Македонија е поинакво подобро место. И, за волја на вистината, за една мала шака луѓе Македонија навистина е добро место.
Преку големи криминални и корупциски афери и случаи на трговија со влијание и лобирање, обезбедивме временски приказ на механизамот кој помогна да се создаде моќна структура од десетина бизниси, фамилии и поединци од политиката. Оваа група често не ги одбегнува законите, туку ги креира на начин кој им одговара ним, додека непрестајно профитира од државни зделки и безмилосно ги уништува или приватизира националните богатства.
Уредник: Сашка Цветковска
Координатор: Давид Илиески
Уредник на дизајн: Елена Митревска Цуцковска
Известување: Маја Јовановска, Александра Денковска, Христина Беловска, Давид Илиески
Илустрации: Лука Блажев
Архивско истражување: Дајана Лазаревска, Лила Караташева
Камера: Трајче Антоновски
About the video and images
Donec et odio pellentesque diam. Urna condimentum mattis pellentesque id nibh tortor. Adipiscing at in tellus integer feugiat scelerisque varius morbi enim. Velit ut tortor pretium viverra suspendisse. Est pellentesque elit ullamcorper dignissim cras tincidunt.
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Nisl pretium fusce id velit ut tortor. Eget gravida cum sociis natoque penatibus et magnis dis parturient. Proin libero nunc consequat interdum.
Diam donec adipiscing tristique risus nec feugiat in fermentum posuere. Nulla at volutpat diam ut. Nisl purus in mollis nunc sed. Donec et odio pellentesque diam. Urna condimentum mattis pellentesque id nibh tortor. Adipiscing at in tellus integer feugiat scelerisque varius morbi enim.
Velit ut tortor pretium viverra suspendisse. Est pellentesque elit ullamcorper dignissim cras tincidunt. A pellentesque sit amet porttitor eget dolor. Lobortis elementum nibh tellus molestie nunc non blandit.