Кога на 17 ноември 1991 година првиот парламентарен состав го изгласа Уставот, владеењето на правото за прв пат беше впишано како една од темелните вредности на новата пост-југословенска Македонија. Првиот претседател и модерен татко на нацијата, Киро Глигоров, сонуваше дека правата и слободите на граѓанинот ќе бидат во фокусот на сите оние кои ќе ја водат државата, дека прогресивна држава ќе се гради така што ќе е привилегија да им се служи на граѓаните. Во емотивна атмосфера и во знакот на регионалната воена неизвесност, на денот на прогласувањето на Уставот тој ќе упати внимателна, но оптимистична порака за предизвиците кои ги чекаат идните генерации.
„Не’ чекаат крупни задачи за кои Парламентот, Владата и сите институции ќе полагаат испит. Треба да покажат колку се успешни градители на државата. Таа работа ќе бара уште повеќе стручност, компетентност и способност и затоа ќе треба широко да се отворат спрема научните и други институции, спрема целокупната јавност. Да дадеме предност на способноста и младоста, на генерациите кои ќе ја градат својата судбина со европски хоризонти“, рече претседателот Киро Глигоров.
Глигоров ги предвиде траумите кои што ќе го обележат животот на најмалку три генерации. Корупцијата и криминалот ќе станат проблем којшто ќе доведе и до масовно иселување на граѓаните.
ИРЛ направи исторски преглед на дел од пропуштените можности да се промовира правдата како принцип со тоа што ќе се спречела високата корупција и криминалот кои резултираа со катастрофални последици по квалитетот на живот на граѓаните и довербата во државата.
МН: Атентатот на Глигоров: прв обид за убиство на државата
По четири години, во 1995-та година, институциите беа ставени на голем испит. Не беше нападната само првата личност во хиерархијата на системот, туку беше загрозена и државата. Претседателот Глигоров доби и лична порака дека не е добро да го одбере најдоброто за своите граѓани и вистинскиот пат.
По четири години, во 1995-та година, институциите беа ставени на голем испит. Не беше нападната само првата личност во хиерархијата на системот, туку беше загрозена и државата. Претседателот Глигоров доби и лична порака дека не е добро да го одбере најдоброто за своите граѓани и вистинскиот пат.
„Кога ќе се случи атентат на претседател на државата и ќе пројдат децении, а не може да се открие кој го организирал, поради кои причини, кои биле мотивите и да не се пронајдат ниту извршителите, тоа не зборува добро ни за власта, ниту за државата“, изјави Глигоров во интервју десетина години по обидот за негова ликвидација.
Атентатот врз Глигоров беше извршен на 3 октомври во 1995-та година. Убиени се возачот Александар Спировски и случајниот минувач Ристо Хаџиманов, додека тешко повредени сe претседателот Киро Глигоров и телохранителот Илчо Тановски.
Оттогаш поминаа 26 години. Се сменија 11 влади, 14 министри за внатрешни работи, 8 државни јавни обвинители, а истражната постапка која се води против непознат сторител е се’ уште отворена.
По четири години, во 1995-та година, институциите беа ставени на голем испит. Не беше нападната само првата личност во хиерархијата на системот, туку беше загрозена и државата. Претседателот Глигоров доби и лична порака дека не е добро да го одбере најдоброто за своите граѓани и вистинскиот пат.
„Кога ќе се случи атентат на претседател на државата и ќе пројдат децении, а не може да се открие кој го организирал, поради кои причини, кои биле мотивите и да не се пронајдат ниту извршителите, тоа не зборува добро ни за власта, ниту за државата“, изјави Глигоров во интервју десетина години по обидот за негова ликвидација.
Атентатот врз Глигоров беше извршен на 3 октомври во 1995-та година. Убиени се возачот Александар Спировски и случајниот минувач Ристо Хаџиманов, додека тешко повредени сe претседателот Киро Глигоров и телохранителот Илчо Тановски.
Оттогаш поминаа 26 години. Се сменија 11 влади, 14 министри за внатрешни работи, 8 државни јавни обвинители, а истражната постапка која се води против непознат сторител е се’ уште отворена.
Шпекулациите дека атенататот го извршиле припадници на организиранот криминал во сојуз со високи државни функционери кои немале исти погледи врз правната држава како Глигоров ќе останат неистражени. Во годините што следат ќе се реализираат најголемите стравови на Глигоров кои што ќе ги изрече во своeто последното интервју, дека се плаши дека криминалот и корупцијата ќе се инсталираат длабоко во институциите на штета на народот, а во корист на групи лукративни поединци во политиката, бизнисот и криминалот.
На добар дел од про-југословенски настроените граѓани им требаше убедување да гласаат за независноста на Македонија. Но, не и на дијаспората којашто во 60-тите и 70тите е дел од таканаречениот егзодусот на работниците и селаните од Југославија.
Веста за новата држава и успешната независност на патриотски настроената дијаспора ќе ја врати надежта за враќање во родните краишта и инвестиции во татковината. За Битола, градот со најголема дијаспора, ќе се појави понуда којашто не може да се одбие - отворање на штедилницата ТАТ којашто нуди високи камати за да им ги чува парите на семејствата коишто ги заработувале во текот на целиот работен век.
Ништо не навестуваше дека во 1996-та година Соња Николовска, најдобрата жена стопанственичка, која дури доби признание и од претседателот Глигоров, ќе измами илјадници сограѓани и ќе уништи исто толку семејства во првиот случај на организиран криминал наречен „Октоподот”.
Штедилницата ТАТ која важи за економско чудо во Битола и Македонија доживува црно сценарио. 13 илјади жртви, оштетени штедачи и нивните заробени влогови во висина од над 60 милиони евра.
Тогашниот претседател на Владата, Бранко Црвенковски, во собраниска расправа за аферата ТАТ во 1997 година ја соопштува дијагнозата која уште оттогаш го зафати целиот државен апарат. Тој ќе биде првиот што ќе најави бескомромисна борба со „октоподот“ или неформалното име на аферата ТАТ.
„Тоа може да погоди многу луѓе, луѓе со големо влијание, може да погоди луѓе во различни институции, може да потресе институции“, изјави во 1997 година премиерот Црвенковски.
Се’ уште може да се најдат непотврдените информации во медиумите дека доцна во ноќта, пред претресот во штедилницата „ТАТ“ висок владин функционер, познат како „министерот во тренерки”, бил виден како излегува оттаму со полни црни вреќи. Но, ниту се откри кој бил функционерот во тренерки, ниту пак беа разоткриени пипците на октоподот кои шпекулативно водеа до врвот на тогашната власт.
Се потврди само затворската казна од три и пол години за сопственичката на штедилницата Соња Николовска.
Низ годините што доаѓаат „Октоподот“ не само што не беше откриен и уништен, туку неказнивоста стана принцип на владеење и на идните градители, откако по оваа афера Црвенковски ги изгуби изборите. Беа затворени многу фабрики, приватизацијата на фирмите остави десетици илјади луѓе без работа. Овие бизнисмени, популарно нарекувани олигарси, преку корумпирање и купување на влијание во партиите и правосудните институции, вртоглаво го зголемија влијанието во самите државни институции.
Она што остана беше семеен пекол на десетици илјади граѓани. Аферата „ТАТ“ од криминална брзо прерасна во социјална драма којашто уште една деценија ги полнеше медиумите со приказните за стотина самоубиства, болести и трауматизирани семејства коишто загубиле се.
Октоподот од Битола ќе го навести стратот на новите трауми во контроверзните приватизации кои ќе станат симбол за страдањата на цели генерации од пропаста на работничката и средна класа.
Слоганот „За промени“ беше вистински погодок на десничарската ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски, засилена со партијата Демократска алтернатива на Васил Тупурковски и Демократската партија на Албанците на чело со Арбен Џафери. Кампањата на опозицијата која силно ја критикува приватизацијата и криминалните афери ќе доведе до промена на власта во 1998-та година. Емоциите на разочараните работници дадоа мандат, но разочарувањата продолжија.
„Ќе престанат политичко идеолошките етикетирања, а ќе се расправаме за нашите програми, идеи, способности или неспособности“, вети Георгиевски во 1998 година во експозето по добивањето на довербата како нов премиер.
Во реалноста, не само што ќе продолжи традицијата на сомнителни приватизации во корист на поединци, туку криминалните афери ќе добијат и меѓународен карактер.
Ветуваа милијарда долари инвестиции од Тајван за побрз развој на Македонија, но оваа авантура не само што не даде бенефит за граѓаните, туку наталожи меѓународни проблеми на државата со Кина и изроди нова афера со државни пари.
Во септември 1999-та година преку Агенцијата за обнова и развој Тупурковски и неговиот заменик Јован Андоновски – Реган потпишаа штетни договори со осум фирми на кои од тајванската линија на име кредити им се префрлени околу три милиони евра без гаранција. Парите биле доделени за развојни проекти, а трансакциите биле вршени преку Стопанска банка. Откако дел од компаниите не ги вратија кредитите, државата мораше да ја обесштети банката.
Случајот доби разрешница дури во 2013-та година. Тупурковски и Андонов прво беа осудени на затворски казни,а потоа ослободени од вина. Никој не понесе одговорност за злоупотребата на „Тајванските кредити“, а штетата од 3 милиони евра кон банката ја плати државата со пари на граѓаните.
Критичарот на приватизацијата заедно со својот министер за финансии наскоро ќе почнат нова етапа на распродажба на работничкиот, односно државен имот. Георгиевски со тогашниот министер за финансии и бизнисмен Борис Стојменов ќе ја продадат рафинеријата ОКТА. Последиците траат повеќе од две децении, а се платија и во пари и во здравје. По Стојменов, тазе политичката ѕвезда Никола Груевски во улогата на нов министер за финансии ќе продолжи да потпишува анекси во октиниот договор.
Според овој договор, Македонија се обврза 20 години, од 1999 до 2019-та, да купува 500 илјади тони мазут годишно, количина која беше невозможна да се потроши. Згора на се, ОКТА беше ослободена од обврски за филтри со што животната средина беше сериозно загрозена, а им беше дозволено да продаваат мазут со високи количини на сулфур.
Се отворија предмети и во обвинителството и во антикорупциската комисија, но конкретен епилог нема.
ОКТА од 2013 година не работи веќе како рафинерија, но обврската од договорот остана. Случајот заврши пред Арбитражниот суд во Париз, државата досега на „Хеленик петролеум“ му има исплатено десетици милиони евра отштета поради непочитување на договорот, но во Македонија нема никаква одговорност за штетата врз Буџетот и парите кои ги враќаат неколку генерации.
Премиерот Љубчо Георгиевски секторот безбедност и’ го доверува на неговата најблиска соработничка Доста Димовска на која медиумите ќе и дадат неформален прекар „Челичната дама на ВМРО“ поради угледот и моќта којашто ги ужива во високите партиски кругови. Но, во историјата ќе остане запишана како министерка во чиј мандат почна распадот на безбедносниот систем и стана првата аболицирана функционерка.
Аферата „Бомби“ не е првиот историски случај на злоупотреба на безбедносните служби за лични цели и повреда на фундаменталните права на граѓаните. Првиот Мијалков, всушност, беше Александар Цветков, повереник на Доста Димовска на раководната позиција во Петтата управа.
Во 2001 тогашниот лидер на опозицијата, Бранко Црвенковски, ќе ја обелодени аферата „Големо уво“ која што ќе покаже дека оваа во МВР незаконски се прислушувале стотици новинари, дипломати и политичари.
Црвенковски ќе се повика на анонимен извор кој му ги дал транскриптите, додека во јавноста се редеа шпекулации дека работата ја завршил Зоран Верушевски, поранешен шеф на УБК назначен за време на неговиот мандат.
Две години по откривањето на скандалот, како нарачатели обвинети се Доста Димовска и началникот Александар Цветков. Истрагата не успеа да отиде подалеку од утврдување на одговорноста, а оние кои биле дел од целосната организацација и оние кои имале корист од прислушувањето никогаш не беа допрени. Беше напишано и обвинение, но случајот не стигна до судење, затоа што за три дена постапката доби нов тек. Димовска и Цветков наместо да одговараат за злоупотреба на функциите, добија аболиција од Претседателот Борис Трајковски.
Во колективната меморија на граѓаните 2001 година е година на војна. Првиот граѓански конфликт во поствоениот регион во малата земја која ветуваше многу на полето на одржување на меѓународниот мир. Во состојба на неизвесност поттикната од горчливите лекции од раните балкански војни, со повеќе од 70 загинати припадници на безбдносните сили, десетиици загинати цивили и илјадници раселени, мала група на луѓе со моќ и влијание ќе ја подготвува продажбата на Македонска банка.
„Македонска банка“ пропаѓа во 2007-та година со одлука за одземање на лиценцата која ја носи гувернерот Петар Гошев. Почнува постапка за ликвидација на една од тогаш поголемите банки во земјава, во која беа вработени повеќе од 200 луѓе, а штедните влогови изнесуваа скоро 25 милиони евра.
Пропаста почнува со новите акционери и фирми кои стануваат сопственици на акциите во екот на војната. Меѓу нив и директорите на Фонд за здравство и ЕСМ, Војо Михајловски и Ламбе Арнаудов, а од 2003-та мнозински акционер станува контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ, со прекар "Газда Нини".
Десетина години потоа, лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите сопартијци ќе го обвинат Никола Груевски дека лично ја продал „Македонска банка“ преку добро разработената офшор шема. Според СДСМ, Никола Груевски за ова зел 1,5 милиони евра во кеш.
Информациите ќе ги донесе одродениот функцонер на ВМРО ДПМНЕ Ден Дончев, но по преземањето на власта и ветувањто на Заев за разрешница, овој случај ќе остане во партиските архиви на предизборните активности чија фунција се атракција, но не и акција. Ден Дончев дури ќе стане и директор на Фондот за здравство. Обвинителството на чело со Марко Зврлевски во 2014 ќе одлучи дека немало криминал и го затвора случајот.
„На 15 септември народот ќе ја земе судбината во свои раце“, беше ветувањето кое ја одбележа политичката кампања на Црвенковски, кој успеа да се врати на власт во 2002 година. Беше премиер само две години, а по смртта на Претседателот Борис Трајковски тој стана шеф на државата. На премиерската позиција го наследи банкарот Хари Костов, кој на функцијата остана само шест месеци.
„Владата во изминатите пет месеци работеше успешно, но нејзиниот рејтинг сепак паѓаше бидејќи една од владејачките партии ја сфаќа Владата како инструмент за промоција на национални и теснопартиски интереси, вклучувајќи и непотизам“, рече Хари Костов, образложувајќи ги причините за оставката.
Го наследи Владо Бучковски кој прифати да ја дели власта со ДУИ и покрај алармирањето на неговиот претходник. Партијата на Али Ахмети во годините што доаѓаат се покажа како верен партнер и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Имаше и „привилегија“ што веќе беше разработен системот на корупција, непотизам, незаконско финансирање на партиите, наместени тендери, па многу брзо се позиционираше во сите институции.
Аферата Телеком ја прослави Македонија откако американската Комисиија за хартии од вредност поведе случај против директори на унгарскиот Телеком заради незаконско лобирање и подмитување и на македонски функционери за продолжување на монополската позиција на Телеком на пазарот. Накусо, унгарскиот Телеком во сопственост на Дојче Телеком ќе подмити серија политичари од власта и опозицијата со цел да поддржат одложување на либерлизацијата на телекомонукициите. Наместо влез на нови мобилни оператори со цел поевтини услуги за сите граѓани, тогашната власт го продолжува монополот на Телеком во сопственост на Маѓар Телеком. За ова, според сведочењата во судот во Њујорк,македонски функционери од сите власта и опозицијата во 2005 и 2006 зеле поткуп во висина од 7,5 милиони евра. Во Македонија СЈО застапувано од Лиле Стефанова го водеше судскиот процес против странските директори на Телеком. Истрага за македонските функционери не се отвори.
Контроверзните оттуѓувања на државни ресурси и брзорастечката невработеност како последица на криминалното и аматареско менаџирање на државните ресурси ќе доведе до драматичен пад на довербата во лидерството на двете најголеми партии - ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Сето ова засилено со постоконфликтните трауми од 2001 година ќе резултираат со потреба од крупни политички промени. Завршува ерата на олигарсите, доаѓа ерата на технократите, на луѓето кои ќе се зафатат со вистинска работа. Оваа платформа на Никола Груевски ќе му ја донесе власта која што ќе успее да ја задржи 10 години.
„Разликата на оваа власт со претходната е во тоа што кај нас нема пардон, кој ќе се фати тој ќе плати, независно кој стои зад него, кој чиј роднина е, каде е вработен, назначен, избран“, често знаеше да рече премиерот Груевски.
Додека преку медиумите за себе создаваше имиџ на „човек од народот“, го подготвувал најголемиот, најконтроверзниот и најскапиот проект во државава. „Скопје 2014“ требаше да чини 80 милиони евра, а од државниот буџет се потрошија над 684 милиони евра.
СЈО уште во 2016-та година отвори неколку предистражни постапки. Сомневањата се дека мегаломанскиот проект бил искористен за перење на пари и трговија со влијание во кое се вклучени функционери од тогашната власт и крупни бизнисмени кои учествуваа во проектот. Истите предмети се’уште се во предистрага.
Поминаа пет години, но се уште нема официјална истрага. Случајот останува отворен, без лоцирана одговорност за потрошените милиони евра, за објекти кои веќе почнаа да се распаѓаат.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, уште од почетокот на 2016-та најавуваше уривање на спомениците, но тоа не го стори ни за време на целиот негов мандат под изговор дека нема надлежност.
Како успевал Никола Груевски да има целосна контрола над институциите, сопартијците, граѓаните, медиумите стана јасно кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обелодени незаконско прислушување на над 20.000 луѓе. Биле слушани седум години, од 2008 до 2015 година.
Ова е една од ретките афери која доби пресуда. Одлуката беше донесена во февруари годинава, а 12 обвинети беа осудени на затвор од 55 години и беа досудени 5 условни затворски казни.
Затворски казни добија тројца „капиталци“ од претходната власт. Поранешниот директор на УБК -Сашо Мијалков (12 години), неговиот шеф на кабинет Тони Јакимовски (6 години) и екс- министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска (4 години).
Пред објавување на пресудата и на овој случај му се закануваше фијаско, со мистериозното бегство на Мијалков, кој четири дена не беше достапен за правосудните органи кои требаше да го спроведат во притвор. Мијалков сам се пријави во Обвинителството за гонење организиран криминал, а за неговото „предавање“ заседаваше највисокиот државен врв од извршната и судската власт.
„Јас никогаш нема да побегнам“, изјави Мијалков кога самиот се појави пред Обвинителството и и’ се извини на македонската јавност за непријатноста.
Пресудата за случајот „Тврдина-Таргет“ се’ уште не е правосилна.
Кои се мотивите и нарачателите? Останува енигма одговорот и покрај правосилноста на пресудата со која 33 обвинети за тероризам во кумановската населба Диво Насеље завршија зад решетки.
Во раните утрински часови на 9 мај 2015-та година улицата Тоде Мендол во Куманово се претвори во воено жариште. Осуммина припадници на македонските полициски единици се мртви, а 37 се повредени.
„Во оваа прилика во мое лично име но и во име на граѓаинте на Република Македонија сакам да им се поклонам и да им изразам сочуство на семејствата на овие патриоти кои вечно ќе ги паметиме”, изјави министерка Гордана Јанкулоска на прес конференција на 9 мај 2015-та година.
Вкупно 745 години затвор за тероризам досуди Кривичниот суд во ноември 2017-та година. Пресудата ја потврди и Апелација.
Два дена по акцијата во Диво Насеље, оставка од УБК поднесе најмоќниот функционер во Владата, Сашо Мијалков. По него следуваа оставките на министрите за внатрешни и транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.
Веќе се наѕираше крајот на владеењето на Никола Груевски.
Цели два месеца Никола Груевски се подготвувал за бегство додека купувал удобна облека за во затвор и се простувал со роднини и пријатели, за на крај да ги испразни сметките и филмски да избега во Унгарија. Одговорност не понесе никој, а истрагата нема резултат.
Бегството на Никола Груевски ги разочара и последните луѓе во државата кои имаа надеж дека осудениот премиер ќе заврши во затвор. Граѓаните досега не добија одговор кој му помогна да избега преку три граници, кој го финансира неговото живеење во Будимпешта и колку пари има во странски банки.
На 9 ноември во 2018-та година, кога цела држава наивно го очекуваше сам да се појави и да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, Никола Груевски побегна. Го бараа по багажници, претресуваа возила, но бегалецот набрзо прати поздрав од Будимпешта, каде што најде засолниште кај долгогодишниот пријател Виктор Орбан.
Никола Груевски во меѓувреме стана и политички азилант, а последните вести се дека е бизнисмен кој отвори фирма со широка деловна активност. Додека тој ужива во слободата, во Македонија се’ уште се барааат виновниците кои му помогнале да избега.
Создавањето и уривањето на СЈО по многу нешта потсетува на првите години по независноста. Почетокот беше тежок, но со многу ентузијазам дека градиме институција која ќе биде отпорна на политички и бизнис влијанија и која ќе донесе неселктивна правда.
За тоа во какви услови работела првите месеци, со измешани чувства на гордост и разочараност, раскажуваше шефицата на ова обвинителство Катица Јанева, кога важеше за недопирлива и чесна во нејзината борба против криминалот и корупцијата.
„Престојував во апартман над ресторанот „Ден и ноќ“. Не сакав да ги оптоварувам децата со мојата функција и не сакав да ме гледаат колку сум уморна. Навечер ќе си отидеа сите вработени дома, а јас останував сама во целата зграда. Речиси никој не знаеше каде престојувам, само мојот возач и тука бев скриена. Не знам ни сега дали бев доволно безбедна“, рече Катица Јанева во документарецот „Трите“.
Сите предмети кои ги отвори СЈО добиваа име кое почнува на буквата „Т“. Идејата беше последниот случај да го нарече „Триумф“, како врв на правдата.
Но, Јанева не успеа да се носи со товарот на најмоќната жена во државата. Наместо да ги лови криминалците, таа мигрираше од тврдината на СЈО и се приклучи на погрешната страна. Разочарувачки, во тоа ја убеди Бојан Јовановски (Боки 13), во чие друштво и’ годеше улогата на „селебрити“. Го вклучија и Зоран Милевски (Кичеец), човекот кој нема прецизна професија, но се јавува како извршител на „валкани работи“ на многу политичари, бизнисмени и луѓе од подземјето. Смислија план да го насамарат и рекетираат најбогатиот бизнисмен во земјава - Орце Камчев.
Плановите им ги изјалови лукавиот Камчев, па тој во случајот „Рекет“ се претстави како жртва, а триото Јанева, Јовановски и Милевски завршија во затвор. Боки 13 доби највисока казна од 9 години, Јанева 7 години, а Милевски беше осуден на 3 години затвор откако призна вина.
Потпишувањето на Охридскиот рамковен договор на 13 август 2001 го означува крајот на воените немири во Македонија и почетокот на политичката ера на ДУИ. Една година по овој договор, иницијаторот на вооружениот конфликт, паравоената ОНА се трансформира во политичка партија ДУИ, а водачот на ОНА, Али Ахмети станува лидер на интегративците кој 19 години се’ уште е на чело на партијата.
ДУИ прв пат учествува на изборите во 2002-та година, освојува 16 пратенички мандати во Собранието и станува коалиционен партнер на владата на СДСМ предводена од Бранко Црвенковски. Оттогаш ДУИ е третата најголема партија и најмоќна на политичката сцена во земјава, но и партија-шампион на недопирливи функционери кои успешно пливаат во сите влади без никаква кривична одговорност.
„Маѓар Телеком”- една од најголемите афери која доби меѓугранични размери во досието го чува и врвот на ДУИ. Али Ахмети и Муса Џафери беа дел од споменатите дека земале мито од седум и пол милиони евра за да овозможат привилегирана позиција на Телеком во 2005 и да ја одложат либерализацијата на телекомуникацискиот пазар. Постапка против нив немаше, а ја добија и тужбата за клевета против сведокот Богоевски, кој ги изнесе овие факти пред судот во Њујорк.
Ахмети заедно со Груевски беше обвинет и за пропаднатиот попис од 2011-та година, но случајот Обвинителството го затвори по скоро три години истрага со образложение дека нема докази. Претходно СЈО тврдеше дека за организација на пописот биле потрошени 2,8 милиони евра, а ненадејно е одложен по договор меѓу Груевски и Ахмети дека наводно немало услови за спроведување.
Освен за Ахмети СЈО водеше и истрага за неговиот близок соработник Бујар Османи, кој беше осомничен за периодот кога беше министер за здравство. Се гонеше дека ставил потпис на одлука со која се фаворизира бугарска фирма која требала да извршува градежни работи во повеќе болници. Случајот под кодно име „Пациент” беше затворен минатата година во јуни кога предметот премина во Обвинителството за организиран криминал со кое раководи Вилма Русковска.
Иако не толку високи партиски функционери, сепак СЈО во случајот „Титаник 3” ги обвини Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ за изборни нерегуларности кога се бираше градоначалник на Чаир во 2013-та година. Тие беа и првостепено осудени и добија по три и пол години затвор, се додека Апелација во јули годинава не ги спаси и им ја укина пресудата.
Во 2019-та година Обвинителството одлучи и дека нема да го гони Беќир Асани, поранешен претседател на општинската организација во Чаир, за случајот наречен „Пајак”. Асани помина само со прекршочна, а не и кривична одговорност. МВР официјално образложи дека полицајката која дошла да го собере непрописно паркираното возило сама се удрила во пајакот, а не била физички нападната од Беќир Асани.
И актуелниот градоначалник на Чаир Блерим Беџети куртули од кривична одговорност за дивите платформи на Матка. Обвинителството ја отфрли кривичната пријава на Антикорупциската комисија која го товареше дека свесно не презел дејствија и овозможил на диво да се градат платформи на езерото Матка.
Асим Муса, заменик министерот за здравство пред две години на снимка е фатен како зема мито од 50 евра и бара уште 1000 евра за операција на пациент. По објавувањето на скандалот Мсуа си даде оставка.
„Во ДУИ не за 50 евра, туку и за 5 евра, а камоли за Луј Витон чанта, ќе се понесе одговорност и ние не сме како другите", изјави првиот вицепремиер Артан Груби, фалејќи се за досегашното чесно владеење на партијата.
Но, исто како и другите соработници на Али Ахмети, Муса се спаси од кривична одговорност, затоа што струшкото обвиниелство го затвори случајот.
Ниту еден функционер на ДУИ досега не е осуден за криминал. Партијата која добива најмногу гласови од албанското население во земјава има свој адут во ракавот, а тоа е условот за формирање на владино мнозинство.